|
Роден е во с. Церово (денес Клиди), Леринско. Учел во Битолската гимназија и по завршувањето, во 1899-1900 година, учителствува во костурското село Апоскеп. Истата година влегува во редовите на ВМОРО и од летото 1900 година е нелегален четник кај К.Христов, С.Преспанчето, М.Лерински и секретар на Ј.Пиперката. Делегат е на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ.
За време на Илинденското востание, како војвода ја водел четата на тогаш загинатиот војвода М.Лерински. Учествувал во повеќе борбени судири со турскиот аскер во селата Трсје, Буф, Неволјани, потоа кај Баница, Екши-Су, Горничево (сите во Леринско), гратчето Невеска и други.
Загинал при крајот на востанието, во борбите кај селото Пиперчино, Леринско, заедно со војводата Д.Ташеминов, на 23 септември 1903 година. |